Актуелниот шампион во НБА лигата, Денвер Нагетс падна на третата позиција во Западната конференција по вториот пораз во низа на домашен терен.
Откако пред два дена загуби од Феникс, тимот од Колорадо ноќеска е поразен и од директниот дуел за врвот Минесота Тимбервулфс со 98-111, па сето тоа, во комбинација со победата на Оклахома, го однесе на третото место. До крајот на сезоната има уште осум натпревари и доволно време да се надополни загубеното, но проблем за Денвер е и тоа што во финишот од сезоната се повредени најдобрите играчи Никола Јокиќ и Џамал Мареј.
Србинот играше против Минесота и беше најдобар во тимот на Денвер, постигнувајќи 32 поена, 10 скока и 5асистенции. По мечот, тренерот Мајк Мелоун призна дека е изненаден што Јокиќ воопшто се најде во екипата.
Минесота ја предводеше Ентони Едвардс со 25 поени, а го следеа Конли со 23 и Гобер со 21. Вулфс ја остварија четвртата победа во низа и во моментов го делат првото место на Западот со Оклахома, со биланс 51/22.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Голден стејт 97-115
Индијана – ЛА Лејкерс 109-90
Орландо – ЛА Клиперс 97-100
Вашингтон – Детроит 87-96
Бруклин – Чикаго 125-108
Кливленд – Филаделфија 117-114
Мајами – Портланд 142-82
Оклахома сити – Феникс 128-103
Сан Антонио – Њујорк 130-126
Денвер – Минесота 98-111
Јута – Хјустон 100-101
Сакраменто – Далас 103-107


