Градското дерби не носи никаков резултатски императив за двете екипи, но секогаш е интересен за љубителите на кошарката во земјава. ТФТ ќе го освои петтото, а Феникс седмото место, но нивниот меѓусебен дуел ќе има значење за самодовербата пред стартот на плејофот. Дуелот меѓу ТФТ и Феникс се игра од 20:30 часот во Кале.


