Екипата на Кожув пропушти шанса да дојде до победа со огромно значење во борбата за опстанок во лигата,
Иако во плејаутот ќе влезат со најдобар биланс од четирите екипи, гевгеличани можеа дополнително да го подобрат својот ефект бидејќи ги имаа сите услови за триумф против вицешампионот Пелистер. Во втората четвртина водеа и со 20 поени разлика (40-20), а на крајот сепак загубија со 80-87.
И по завршувањето на третата четвртина Кожув имаше двоцифрена предност (67-56), но не ги издржа последните десет минути. Пелистер постепено ја топеше негативата, се до три минути пред крајот кога го презеде водството (80-77). Кожув израмни со тројката на Караџовски, но во последните две минути Пелистер направи 7-0 и со победа, која за него нема големо резултатско значење, се врати дома.
Јуре Планиниќ беше прв играч на гостинскиот тим, постигна 24 поени и 8 скока, со само едно промашување од игра (11/12). Се истакна и Маслинко со 16 поени и 10 скока. Кај Кожув, Марковиќ беше најефикасен со 20 поени, но најдобар играч беше Вујадиновиќ со 19 поени, 14 асистенции и 7 скока.


