Екипата на Чаир го потврди историскиот успех и пласманот меѓу најдобрите четири во Првата македонска кошаркарска лига, со триумфот против Охрид на домашен терен со 98-74.
Чаирчани беа фаворити против тимот кој се бори за опстанок, а својата надмоќ ја покажаа и на теренот. Охрид парираше во првата четвртина, но веќе во втората Чаир ги презеде работите во свои раце и до крајот го мелеше противникот.
Галовеј го предводеше домашниот тим со 19 поени, Роби додаде 18, а Мустафица оствари дабл дабл со 15 поени и 10 скока. Димитриевски со 18 поени беше најефикасен во тимот на Охрид.
Чаир оваа сезона првпат ќе игра во плејофот од Првата македонска лига, а противник ќе му биде градскиот ривал ТФТ. Во четвртфиналната серија чаирчани ќе ја имаат и предноста на домашниот терен.


