Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ блескаше во дуелот меѓу екипите на Атланта и Милвоки, но неговиот ефект не беше доволен за триумф на неговиот тим.
Бакс како гости славеа со 122-113 и покрај тоа што Богдановиќ постигна 38 поени од кои 17 во последната четвртина. Тоа не е негов рекорд бидејќи во декември против Денвер стигна до 40, но со оглед на тоа што имаше дабл дабл со уште 10 скока, ова секако е негов натпревар на кариерата во НБА.
Сепак, неговиот ефект ни оддалеку не беше доволен да се загрози победата на Милвоки кој водеше од финишот на првата четвртина, до крајот на натпреварот. Во третиот период, предноста изнесуваше 21 поен, Атланта успеа да се врати на -8 во последниот квартал, но не и да направи драма.
Јанис Адетокунбо беше најзаслужен за победата на Милвоки, постигнувајќи 36 поени, 16 скока и 8 асистенции, а Мидлтон додаде 21 поен. Шампионот од 2021 година ја задржа предноста на втората позиција на Истокот, на 8 натпревари пред крајот на основниот дел, додека Атланта остана десетта со пет победи предност пред 11-пласираниот Бруклин.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Мемфис 118-88
Атланта – Милвоки 113-122
Њу Орлеанс – Бостон 92-104


