Со дуелот меѓу Вардар и Еуро Никел вечерва официјално завршува лигашкиот дел од Првата македонска кошаркарска лига. Натпреварот нема никакво резултатско значење за гостите кои сигурно се на шестата позиција на табелата, но има за Вардар кому секој бод му е значаен во борбата за опстанок, а во мечот влегува со серија од 15 порази. Натпреварот во Кале се игра од 19 часот.


