По поразот од Индијана, Лос Анџелес Лејкерс им се врати на победите триумфирајќи на гостувањето кај Бруклин со 116-104.
Убедливо најдобар играч на мечот беше Леброн Џејмс кој покажа дека се уште може да игра на врвно ниво. Натпреварот го заврши со 40 поени и шут за тројка 9/10 што не му успеало никому во историјата на франшизата од Калифорнија. Леброн е само втор во постоењето на Лејкерс кој барем два пати постигнувал најмалку девет тројки. Првиот е Коби Брајант кој тоа го направил четири пати.
Лејкерс го отворија натпреварот со 17-0, подоцна водеа со 26-4, па 31-7, а до крајот, Бруклин само еднаш намали на едноцифрена негатива и тоа на почетокот од последната четвртина (82-90).
Се истакнаа уште Ентони Дејвис со 24 поени и 14 скока и Руи Хачимура со 20 поени и 10 скока. Кај Бруклин, најефикасен беше Томас со 30 поени. Тимот од Лос Анџелес и натаму е на деветтата позиција на табелата на Западот, додека Бруклин полека ги губи сите надежи дека ќе стигне до плејинот.
РЕЗУЛТАТИ
Денвер – Кливленд 130-101
Бруклин – ЛА Лејкерс 104-116
Шарлот – ЛА Клиперс 118-130
Торонто – Филаделфија 120-135
Вашингтон – Мајами 107-119
Хјустон – Далас 107-125
Минесота – Чикаго 101-109
Њујорк – Оклахома 112-113
Сан Антонио – Голден Стејт 113-117
Сакраменто – Јута 117-106


