Словенечната суперѕвезда Лука Дончиќ синоќа го одигра 65. натпревар во сезоната и со тоа го исполни условот да влезе во конкуренција за освојување на индивидуалните награди.
Речиси сигурно ќе биде избран во една од најдобрите три петорки, а со тоа пак ќе исполни услов за потпишување нов супермакс договор во летото 2025 година, Тоа ќе биде најголем договор во историјата на кошарката и Дончиќ многу веројатно ќе стане прв кошаркар што во една сезона ќе ја надмине границата од 80 милиони долари.
Супермакс е договор кој можат да го потпишан само копаркари со седумгодишен стаж во НБА (Дончиќ затоа не може да го потпише ова лето), а кои исполниле одредени услови како избор на Ол стар или некоја од трите најдобри постави. Со извесниот избор во една од трите најдобри петорки, Дончиќ ќе го исполни и последниот услов.
Супермакс нема фиксен износ, туку изнесува 35% од селари капот за одредена сезона. Во 2025 година, според предвидувањата, Дончиќ ќе потпише за 346 милиони долари што во просек е 69,2 милиони по сезона, но правилото во НБА е годишните примања да се зголемуваат од сезона во сезона, така што во последната, тој би надминал 80 милиони.
Во моментов, Дончиќ ја игра втората сезона од петгодишниот договор, вреден 215 милиони долари. Оваа сезона ќе заработи 40 милиони, следната 43, потоа 46, а во последната ќе одбие 49 милиони долари за да се активира новиот договор. Ако го потпише супермакс договорот на пет години, ќе биде врзан со Далас до 2031.
Сопственик на најголемиот договор во НБА во моментов е Џејлен Браун од Бостон Селтикс кој лани потпиша супермакс од 304 милиони долари за пет години.


