Иако долго се мачеше, ЦСКА ја прекина мини-серијата од два пораза и на домашен терен го совлада Локомотив Кубан со 86-73.
Тимот на Емил Рајковиќ имаше двоцифрена негатива во втората четвртина, а на полувреме замина со -8 (35-43), пред да кошаркарите да ги наместат нишанските справи и да почнат да погодуваат од сите позиции. Во третиот квартал ЦСКА постигна 32 поена, пред се благодарение на шутот од дистанца, а со тоа го сврте резултатот во своја корист и дојде до победата.
Со неа се израмни со лидерот Уникс, на две кола пред крајот на основниот дел од сезоната и многу извесно, за првото место пред плејофот ќе одлучува нивниот меѓусебен дуел во последниот круг.


