Македонскиот стручњак Емил Рајковиќ дојде до уште едно големо достигнување во својата кариерата откако синоќа, на дуелот против Локомотив Кубан, стана само шести тренер во историјата на ВТБ лигата кој ја достигнал границата од 100 победи.
Предводникот на ЦСКА има долго искуство во ова натпреварување, три години ја водеше Астана, една Саратов и последните две е на клупата на московскиот тим. Досега два пати беше прогласен и за тренер на сезоната, а ако и сега успее да го освои првото место на крајот од основниот дел, веројатно повторно ќе го добие истото признание.
Пред Рајковиќ, троцифрен број победи во ВТБ лигата остварија само уште: Димитрис Итудис, Евгениј Пашутин, Василиј Карашев, Римас Куртинаитис и Чави Пасквал.


