На десетина дена пред крајот на основниот дел од сезоната, битката за првото место во Западната конференција доживува кулминација.
Ноќеска Денвер го победи Сан Антонио со 110-105, а Никола Јокиќ постигна 42 поена, 16 скока и 6 асистенции. Шампионот го скрши отпорот на Сан Антонио дури во последните секунди иако во финалната четвртина водеше и со 11 поени разлика (99-88). Во последната минута беше 105-105, а потоа Портер постигна тројка, Вембанјама не успеа да врати, а Јокиќ стави точка од линијата за слободни фрлања.
Јокиќ, всушност, ја доби битката со Виктор Вембанјама кој исто така одигра фантастичен натпревар и заврши со 23 поени, 15 скока, 8 асистенции и 9 блокади. Денвер го искористи киксот на Оклахома и сега е прв во Западната конференција, но со натпревар повеќе од Тандер и Минесота.
РЕЗУЛТАТ
Торонто – ЛА Лејкерс 111-128
Вашингтон – Милвоки 117-113
Мајами – Њујорк 109-99
Филаделфија – Оклахома 109-105
Минесота – Хјустон 113-106
Денвер – Сан Антонио 110-105
Јута – Кливленд 113-129
Голден Стејт – Далас 104-100
Сакраменто – ЛА Клиперс 109-95


