Ако сака да ги продолжи своите надежи за пласман во плејофот од Евролигата, Партизан вечерва мора да ја победи Алба во Берлин.
Германскиот тим е во лоша серија од девет порази и идната сезона најверојатно нема да игра во Евролигата, но до крајот ќе се бори за својата чест. И кај Партизан не е сјајна ситуацијата бидејќи АБА шампионот не може да се пофали со голем успех на гостински терен оваа сезона.
„Црно-белите“ загубија на последните осум гостувања, а последниот триумф го забележаа на 19 декември 2023 кога славеа во Валенсија. Неколку пати беа блиску до прекин на оваа низа, но потклекнуваа во клучните моменти и се доведоа во ситуација да не решаваат сами за себе, а и пласманот во плејинот да го бркаат во последните две кола.
За да влезе во топ-10, освен победа во Берлин, на Партизан му треба и услуга од Фенербахче против Анадолу Ефес на утрешното дерби на Истанбул.


