Актуелниот шампион Денвер Нагетс не успеа да ја продолжи серијата победи и загуби на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 100-102.
Ѕвезда на вечерта повторно беше Никола Јокиќ кој го оствари 129. трипл-дабл, постигнувајќи 36 поени, 17 скока и 10 асистенции, но во последните моменти го промаши шутот за победа. За волја на вистината, последната акција не беше добро изведена, Јокиќ мораше сам да ја пренесе топката за четири секунди и притоа да најде позиција за шут во што не успеа комплетно. Шутна од 8-9 метри, преку човек, а топката заврши во обрачот.
Јокиќ немаше соодветна помош од соиграчите бидејќи далеку зад него остана Гордон со 18 поени. За одбележување е и тоа што српскиот ас ноќеска ја помина границата од 14.000 поени во дресот на Денвер Нагетс, односно во НБА лигата. Гостите во првата четвртина имаа водство и од 17 поени предност, но дозволија
Кај Клиперс, Пол Џорџ беше најефикасен со 28 поени, Харден додаде 20, а Зубац оствари дабл-дабл со 14 поени и 15 скока. Денвер повторно го загуби првото место во Западната конференција на кое сега е Минесота, но Вулфс имаат меч помалку и ако вечерва загуби на гости од Феникс, двете екипи повторно ќе се израмнат. Во конкуренција е и Оклахома која исто така има натпревар помалку од Денвер и заостанува една победа.
РЕЗУЛТАТИ
Далас – Атланта 109-95
Мајами – Филаделфија 105-109
Њујорк – Сакраменто 120-109
Хјустон – Голден Стејт 110-133
ЛА Клиперс – Денвер 102-100


