Басконија го обезбеди пласманот во плејинот откако вечерва славеше изненадувачка, но заслужена победа на гостувањето кај Реал со 95-91.
Херој на баскискиот тим беше Маркус Хауард кој постигна 35 поени, вклучувајќи седум тројки од 12 обиди со што уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите шутери во Евролигата. Во последното коло Басконија гостува кај Виртус во директниот дуел за осмото место.
Победа вечерва оствари и поранешниот европски шампион Анадолу Ефес кој славеше во дербито на Истанбул против Фенербахче со 82-80 и сега е во одлична позиција за освојување на десеттото место на табелата во Евролигата.

Натпреварот во Истанбул беше драматичен до последната секунда, на околу 1:30 минута пред крајот Ефес водеше со 76-69, нон Фенербахче, кому мечот му беше важен за што подобар пласман пред плејофот, се доближи на само еден негатива на шест секунди пред крајот (80-81). Хејс-Дејвис во последните моменти имаше тројка за победа, но беше непрецизен.
За Анадолу Ефес ова беше четврта победа по ред, а Фенербахче по се изгледа ќе го освои шестото место и нема да ја има предноста на домашен терен во првата рунда од плејофот.
Двата резултата беа контра очекувањата и желбите на Партизан кој во последното коло мора да ја победи Валенсија, а притоа да очекува помош од својот најголем ривал Црвена Звезда која гостува кај Анадолу Ефес во меч во кој нема никакви резултатски амбиции.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Анадолу Ефес 80-82
Баерн – Панатинаикос 75-82
Олимпија Милано – Виртус 90-75
Реал – Басконија 91-95


