На една недела пред крајот на основниот дел на сезоната, Далас Маверикс е на милиметри од директен пласман во плејофот.
Ноќеска Лука Дончиќ доби поштеда, но неговите соиграчи го победија Голден Стејт со 108-106 и направија предност од две победи во однос на седмопласираниот Њу Орлеанс, на пет меча пред крајот. Победничкиот кош го постигна Пи Џеј Вашингтон кој и беше најдобар играч на натпреварот со 32 поена.
Поразот нема тешки последици за Голден Стејт иако поранешниот шампион ја прекина долгата серија победи. На пет меча пред крајот на основниот дел, Вориорс имаат четири победи предност пред Хјустон, но им претстои тешка борба за плејофот затоа што најверојатно конкуренти ќе им бидат Лејкерс или Сакраменто.
Стеф Кари беше најефикасен кај Голден Стејт со 28 поени, а далеку зад него останаа другите играчи од составот на Стив Кер.
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон – Портланд 102-108
Индијана – Оклахома 126-112
Шарлот – Орландо 124-115
Бостон – Сакраменто 101-100
Чикаго-Њујорк 108-100
Њу Орлеанс – Сан Антонио 109-111
Милвоки – Торонто 111-117
Мемфис – Детроит 108-90
Далас – Голден Стејт 108-106
Феникс-Минесота 97-87
Хјустон – Мајами 104-109
ЛА Клиперс – Јута 131-102


