Откако синоќа Академија ФМП славеше во Охрид, Кожув има шанса со евентуален триумф да направи голем чекор кон опстанок бидејќи така би се одвоил на две победи од својот најголем ривал во плејаутот. Од друга страна, ако Вардар слави, борбата за спас ќе стане исклучително драматична бидејќи четири екипи би биле на само еден бод разлика. Натпреварот меѓу Кожув и Вардар се игра во Гевгелија од 18 часот.


