Единствениот четвртфинален дуел во кој нема скопска екипа е оној меѓу Пелистер и Еуро Никел. Нивните меѓусебни пресметки во првенството завршија со победи на гостите, а двата беа исклучително интересни и неизвесни. Денешниот меч се игра во Битола со почеток од 19 часот.


