Според многумина, најинтересна и најнеизвесна двојка во четвртфиналето би требало да биде скопското дерби меѓу Чаир и ТФТ. Чаирчани првпат се во плејофот и имаат предност на домашен терен, но далеку од тоа дека ТФТ оди во северната скопска населба со бело знаме. Првиот меч од оваа серија се игра вечерва од 21 часот.


