Барселона славеше во шестото Ел Класико оваа сезона откако на домашен терен го совлада Реал со 85-79.
Малку недостасуваше „каталонците“ и да го загубат мечот и покрај тоа што почлнаа фуриозно и во втората четтвртина водеа со 21 поен разлика (38-17). Во натамошниот дел од првото полувреме проработе шутот на гостинските кошаркари кои со серија од 11-0 успеаја да намалат на -9 пред полувреме, а во последниот квартал да дојдат и на само еден поен негатива (63-64).
Дури гостите имаа и две шанси за пресврт и преземање на водството, но не ги искористија, а Лапровитола и Весели потоа ја однесоа Барса на +6. Задачата на домапната екипа ѝ беше олесната со петтата лична грешка на Валтер Таварес на средината од последниот квартал за подоцна Поарие да добие техничка грешка за приговор по што Барселона отиде на недостижни +7 (78-71).
Николас Лапровитола ја предводеше Барса со 25 поени, а по 11 постигнаа Рубио и Весели со тоа што шпанскиот репрезентативец дури девет поени реализира во првата четвртина. На другата страна најдобар беше Габриел Дек со 14 поени и 13 скока. За Реал ова беше втор пораз по ред, па сега Уникаха се израмни со него и во последните шест кола ќе се води жестока битка за првото место на табелата пред плејофот.


