Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман синоќа изнесе низа критики на сметка на аргентинскиот репрезентативец Лука Вилдоса, на гостувањето кај Колосос.
ПАО едвај победи со 79-74, а турскиот стручњак не беше задоволен од играта и залагањето на Вилдоса за кого кажа дека не може да се чуди зошто не игра во Евролигата, а има шут за тројка 1/7. Очигледно тој имал што да му каже и за време на мечот затоа што излезе снимка на која буквално урла по бекот.
Но, за разлика од Атаман, Вилдоса не бил многу возбуден и си грицка ноктите додека нервозниот тренер вика и луто гестикулира. Аргентинецот лани потпиша договор на две години, така што и идната сезона има загарантиран престој во Атина.


