Без поголеми проблеми, екипата на Париз поведе со 1-0 во финалната серија од Еврокупот и најави дека е подготвен за титулата во ова натпреварување.
На домашен терен, тимот од француската престолнина го совлада Бурж со 77-64, тотално доминирајќи во текот на сите 40 минути. Највисокото водство на Париз изнесуваше 27 разлика, во последната четвртина беше +25, но во финишот Бурж успеа да се избори за пристоен пораз.
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс повторно беше најефикасен, со 15 поени поени. Пред почетокот на мечот, тој го доби признанието за МВП на сезоната, лично од првиот човек на Евролига, Дејан Бодирога.
Вториот натпревар од серијата се игра на теренот на Бурж в петок, а евентуалната „мајсторка“ е на програмата на 17 април.


