Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ синоќа присуствуваше на натпреварот меѓу Атланта Хоукс и Мајами Хит, а пред почетокот имаше и телевизиско интервју.
Од водителот беше посочен како доживотен бренд на Хоукс и доби порака дека Атланта секогаш ќе биде негов дом. Во својата изјава, Антиќ се присети на деновите поминати меѓу Хоукс, зборуваше за своите деца и за својата мисија преку Кошаркарската федерација.
Тој беше член на Атланта од 2013 до 2015 година, период кој беше исклучително успешен за тимот од Џорџија и во кој стигна до финалето на Источната конференција.


