Водството од 2-0 во четвртфиналната серија против Феникс, скапо ќе ја плати Работнички бидејќи за двата натпревара како домаќин е казнет со вкупна сума од 116.000 денари.
Казната е по повеќе основи, а во најголем дел, односно 72.000 (три пати по 24.000) е поради навивачите: плукање кон официјалните лица, навредливо навивање и фрлање тврди предмети на теренот. Казните на другите клубови се ништо во споредба со Работнички иако Чаир, на пример ќе мора да плати 39.600 денари.
Кога во првата фаза од плејофот има вакви казни и ваква нервоза, може само да се замисли што ќе се случува подоцна, кога ќе се одлучува за шампионскиот трофеј.


