По ланскиот триумф во Лигата на шампионите на ФИБА со Телеком Бон, македонскиот репрезентативец сезонава ја освои и титулата во Еврокупот.
Во вториот меч од финалната серија, Париз го совлада францускиот ривал Бурж со 89-81 и го оствари најголемиот успех во својата кратка историја со триумфот во второто по квалитет европско натпреварување. До титулата, Париз стигна со само еден пораз во текот на сезоната и тоа од Бешикташ во основниот дел од натпреварувањето.
Апсолутно очекувано, за МВП на финалната серија беше прогласен Ти Џеј Шортс кој денешниот меч го заврши со 22 поена, 6 скока и 5 асистенции. Со тоа продолжи со доминацијата во натпреварувања во кои учествува, имајќи предвид дека претходно беше за најкорисен играч во основниот дел, а лани и за МВП на основниот дел и на плејофот во Лигата на шампионите.
Триумфот во Еврокупот значи дека Париз идната сезона, со Ти Џеј Шортс во составот, првпат ќе учествува во Евролигата. И тогаш и сега на клупата на неговиот тим беше финскиот стручњак Туомас Лисало кој беше прогласен за тренер на сезоната во Еврокупот.


