Басконија славеше како гостин кај Виртус со 95-91 и го освои осмото место на крајот од основниот дел од сезоната, а со тоа се избори за две шанси за пласман во плејофот.
Италијанскиот вицешампион го заврши овој дел со серија од седум порази, но сепак ќе учествува во плејинот, како десеттопласиран. Плејинот се игра по истиот систем како во НБА. Се среќаваат седмиот и осмиот и победниот ја освојува седмата позиција која го носи на мегдан со Панатинаикос. Поразениот игра против подобриот од дуелот меѓу деветтиот и десетттиот и оној што ќе триумфира во овој дуел, во првата рунда од плејофот за противник го добива Реал.

Во оваа фаза се веќе познати две четвртфинални пресметки. Монако ќе се сретне со Фенербахче, а Барселона со Олимпијакос при што предноста на домашниот терен ќе ја имаат францускиот и шпанскиот клуб.
Натпреварите од плејинот се на програмата на 16 и 18 април, а плејофот почнува на 23 април.


