На еден натпревар пред крајот на основниот дел од сезоната, Денвер Нагетс го загуби првото место во Западната конференција и падна дури на третата позиција откако доживеа апсолутно неочекуван пораз од Сан Антонио со 120-121.
Иако постигна 22 поена, 12 асистенции и 7 скока, трагичар на мечот беше Никола Јокиќ кој го промаши клучниот шут, на десетина секунди пред крајот, при водство на шампионот со 120-119. Домашните кошаркари ја прифатија топката под кошот и во контранапад постигнаа кош за триумф кој за нив ништо не значи, ама максимално ја замрси ситуацијата на врвот на Западот.
Џамал Мареј беше најефикасен кај Денвер со 35 поени, а извонреден беше Виктор Вембанјама кој сега одлично се снајде против Јокиќ и постигна 34 поени, 12 скока и 5 асистенции, а притоа неколку го изблокира српскиот кошаркар.
Сега на врвот на Западот владее тотален хаос, на еден натпревар пред крајот на основниот дел од сезоната. Оклахома и Минесота победија, па тие се сега на првите две места (по тој редослед), а Денвер е трет и за конечниот редослед ќе одлучуваат последните натпревари, утре вечер.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Орландо 125-113
Вашингтон – Чикаго 127-129
Бостон – Шарлот 131-98
Кливленд – Индијана 129-120
Њујорк – Бруклин 111-107
Мемфис – ЛА Лејкерс 120-123
Мајами – Торонто 125-103
Минесота – Атланта 109-106
Оклахома – Милвоки 125-107
Сан Антонио – Денвер 121-120
Далас – Детроит 89-107
Голден Стејт – Њу Орлеанс 109-114
Портланд – Хјустон 107-116
Сакраменто – Феникс 107-108