Шампионот на Македонија поведе со 2-0 во четвртфиналната серија од домашниот плејоф против Гостивар откако денеска на домашен терен славеше со 89-67.
Гостите беа конкурентни во првото полувреме и се чинеше дека можат да се изборат за драматичен меч, со оглед на тоа што МЗТ Скопје мора да ги чува силите за реванш натпреварот од АБА 2 лигата против Широки. Сепак, разликата во квалитет дојде до израз во второто полувреме во кое шампионот постигна 52 поена и го скрши отпорот на противникот.

По релативно израмнетите први 20 минути, одлучи третиот период кој МЗТ Скопје го доби со 32-11. Домашниот тим отвори со 13-3 за +15 (50-35), а потоа веќе се беше полесно. Разлика продолжи да расте, до највисоките +34 (81-47) на шест минути пред крајот на мечот по што Гостивар успеа делумно да го ублажи поразот.
Сите десетмина кошаркари во тимот на МЗТ Скопје се запишаа во листата на стрелците, најефикасен беше Делалиќ со 14 поени, а интересно е тоа што резервните кошаркари на шампионот комбинирано постигнаа 50 поени, за разлика од оние на Гостивар кои завршија со само 4. Во гостинската екипа се истакна Тома Стојаноски со 20 поени и 9 скока.


