Кошаркарскиот клуб Партизан го собори рекордот на Евролига според просечната посета на натпреварите оваа сезона.
Таа изнесува 19.916 гледачи по меч и е највисока во историјата на елитното европско натпреварување, потврди Евролига на својата официјална интернет страница.
„Најголема просечна посета во Евролига, во сезона во која Партизан не успеа да се пласира во плејофот или плејинот, покажа дека навивачите на Партизан го сакаат клубот, а не резултатите“, стои во објавата на Евролига. Мора да се истакне дека ова се официјални бројки, според продадените билети од клубот, а неодамна беше откриено дека во Арена имало и повеќе гледачи откако е откриена шема на продавачи на фалсификувани влезници.
Ова е втора сезона по ред во која Партизан е најгледан клуб во Евролигата, но за разлика од лани, сега го освои 11. место.


