Апсолутно заслужено, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ пак е избран во тимот на неделата во ВТБ лигата.
Не можеше да биде поинаку, ако се знае дека 26-годишниот плејмејкер одигра неверојатен натпревар против ЦСКА во кој постигна 40 поени и индекс 52, највисок од сите кошаркари во оваа лига сезонава. Тоа е седми пат во актуелната натпреварувачка кампања, Димитријевиќ да е избран во тимот на неделата, а друштво му прават неговиот соиграч од Уникс, Џејлен Рејнолдс, потоа Антон Глазунов од Уралмаш, Владислав Трушкин од МВА и Тома Ертел од Зенит.

По сето ова, Димитријевиќ е најсериозен кандидат за признанието за најкорисен играч сезонава во ВТБ лигата и повеќе никој нема сомнеж дека кај него ќе заврши блескавата награда.


