Историскиот плејин од Евролигата го однесе Макаби во разигрувањето за титулата од елитното кошаркарско натпреварување.
Израелскиот шампион во Белград ја разнесе Басконија со 113-85 и ќе оди на дуел на Панатинаикос во првата рунда од плејофот. Се беше готово уште по првото полувреме по кое израелскиот тим водеше со 19 поени разлика за во финишот формалниот домаќин на овој меч да отиде и на +30.

Големо изненадување направи Виртус кој иако основниот дел од Евролигата го заврши со седум порази во низа, вечерва славеше на гостувањето кај Анадолу Ефес со 67-64. Клучната тројка на мечот ја погоди данскиот репрезентативец Ифе Лундберг кој го однесе својот тим на недостижна предност.
Басконија и Виртус в петок во Виторија ќе одлучат кој ќе го освои осмото место и ќе се сретне со Реал во четвртфиналето.


