Првата ѕвезда на Мајами, Џими Батлер нема да игра вечерва против Чикаго во финалето од плејинот поради тешка повреда што ја доживеа на мечот со Филаделфија.
Тој се повреди во финишот од првата четвртина кога противничкиот играч Кели Убре падна на неговата нога при што, како што тврдат американските медиуми, дошло до повреда на вкрстените лигаменти на коленото. Информациите се дека Батлер ќе мора да отсуствува неколку недели што значи дека и ако Мајами победи против Чикаго, веројатно тој нема да заигра во првата рунда од плејофот против Бостон.
Сепак, ако станува збор за скинати лигаменти, тој ќе мора да одмора неколку месеци, па прашање е дали ќе биде подготвен и за стартот на новата сезона.


