Шампионот Денвер Нагетс со убедлива победа ја почна одбраната на титулата во НБА лигата откако на домашен терен го совлада Лос Анџелес Лејкерс во првиот меч од плејофот серијата во првата рунда, со 114-103.
Гостинскиот тим се обиде со сите средства да го запре Никола Јокиќ, целата одбрана беше насочена кон него, но не успеа во тоа. Вниманието кон Јокиќ отвори повеќе простор за Мареј, Портер и Гордон и тие тоа го искористија на најдобар можен начин бидејќи сите постигнаа двоцифрен број поени.

Лејкерс подобро го почнаа натпреварот и со исклучок на првите неколку минути, водеа цела прва и повеќе од половина втора четвртина. Највисокото водство изнесуваше 12 поени разлика (49-37), но не го искористија тоа за да го уништат ривалот. Кога веќе ја пропуштија шансата, Денвер во третиот квартал ја презеде контролата над резултатот и по серијата од 13-0, поведе со 89-75. Тоа беше решавачки период на мечот затоа што во последната четвртина, предноста ретко се симнуваше на едноцифрена вредност, па Денвер мирно го приведе натпреварот кон крајот.
Ентони Дејвис и Леброн Џејмс одиграа извонреден меч, првиот постигна 32 поена и 14 скока, а вториот 27 поени, но немаа помош од соиграчите. Јокиќ беше најдобар кај Денвер со 32 поена, 12 скока и 7 асистенции, ама тука се истакнаа уште Мареј со 22 поена и 10 додавања, Портер со 19 поен и и 8 скока и Гордон со 12 поени, 11 скока и 7 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Денвер – ЛА Лејкерс 114-103
Њујорк – Филаделфија 111-104
Филаделфија – Минесота 120-95
Кливленд – Орландо 97-83


