На синоќешниот меч меѓу Денвер и Лејкерс дошло до конфликт на трибините, а во главна улога биле браќата на Никола Јокиќ.
Причините за инцидентот не се јасни, но на снимките може да се забележи како Страхиња Јокиќ удира в лице со тупаница, еден навивач. Веднаш притрчува и вториот брат на Никола, Немања додека во близина биле сопругата на кошаркарот на Денвер, Наталија и ќеркиќката Огњена. По ударот, Страхиња му покажувал на човекот да се помрдне, веројатно и да излезе од арената.
По ваквиот скандал, многу веројатно е дека Страхиња Јокиќ ќе добие жестока казна и се очекува конечната информација за тоа.
Ова не е првпат браќата на Јокиќ да се однесуваат како хулигани на натпреварите од НБА лигата, но досега не се случило вака да нападнат гледач на трибините.


