Далас Маверикс ја презеде предноста на домашниот терен откако синоќа славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 96-93 и израмни на 1-1 во серијата.
Убедливо најдобар играч на мечот беше Лука Дончиќ кој постигна третина од поените на својот тим (32), а додаде уште 9 асистенции и 6 скока. Гостите ја презедоа резултатската предност на почетокот од последната четвртина, потоа имаа и +9 (90-81) и во драматичниот финиш успеаја да дојдат до триумфот.
Покрај Дончиќ, се истакна и Кајри Ирвинг со 23 поени, додека во тимот на Лос Анџелес Клиперс, Џорџ и Харден реализираа по 22 поена.

Брејк синоќа направи и Индијана Пејсерс која славеше на второто гостување кај Милвоки со 125-108. Минесота води со 2-0 против Феникс и е на половина пат од пласман во конференциското полуфинале.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Клиперс – Далас 93-96
Милвоки – Индијана 108-125
Минесота – Феникс 105-93


