Откако во четвртфиналето го елиминира Златибор, екипата на Подгорица е многу блиску до уште едно големо изненадување во АБА 2 лигата.
По првиот полуфинален меч на домашен терен, црногорскиот тим има предност од 18 бода откако попладнево славеше против Војводина со 98-80. Гостите беа рамноправни во првите 20 минути, но вториот дел Подгорица го доби со 51-34 и се избори за уште една голема победа која ја доближува до пласман во елитната дивизија од АБА.
Убедливо најрасположем беше американскиот бек Дајлен Кунц кој постигна 26 поени, Петров додаде 17, а Анѓушиќ поен помалку. Кај Војводина, Вучетиќ и Бањац беа најефикасни со по 13 поени.
Реваншот во Нови Сад се игра на 2 мај, а во меѓувреме, в сабота, на програма е првиот полуфинален дуел од серијата меѓу МЗТ Скопје и Спартак, во „Јане Сандански“.


