По се изгледа Леброн Џејмс ќе биде на четири шампионски титули кога во декември ќе го прослави својот 40. роденден.
Неговиот Лос Анџелес Лејкерс губи со 0-3 во серијата против Денвер и мали се шансите да дојде до пресврт имајќи ја предвид играта на двете екипи. Тимот од Калифорнија, како и лани, нема одговор за Никола Јокиќ и тоа веќе наидува на потсмев кај некогашните ѕвезди на НБА лигата.
„Леброн никогаш повеќе нема да освои титула, освен ако Јокиќ не отиде во предвремена пензија“, напиша Кендрик Перкинс на Твитер.
Леброн е шеста сезона во Лејкерс, а досега освои само една шампионска титула и тоа во корона-годината кога не се играше класичен плејоф, туку во „балон“ во Орландо.


