Навивачката група на Работнички, Сити Парк Бојс преку соопштение ја објасни ситуацијата што се случи синоќа, на првиот полуфинален дуел во кој 15-кратниот шампион доживеа тежок пораз од Пелистер.
Фановите на тимот од Градски парк ги построија играчите и им одржаа лекција поради нивното однесување, а денеска појаснија што била причината за нивниот револт.
„ГРАНИЦАТА Е ПРЕМИНАТА!
Вчера бевме сведоци на срамниот дебакл на нашите играчи. Трибината исполнета до последно место, еуфорија како што одамна не се осетила мегу публиката, се беше подготвено за еден одличен ден крунисан со победа за да на крај да добиеме што? Натпревар само 15 минути? Легачење по терен и фрлање цигли? Поразот како пораз не боли толку колку што боли не почитувањето кон дресот и името кое го носат. Се си има свој почеток и крај а поединци веќе се на крајот. Нема да дозволиме на никого да си игра со нашата светост па и по цена тоа да придонесе крај на сезоната. Од сега па натаму ќе делуваме ние!
Подгответе се зошто наскоро доаѓа најтешката битка, најтешките минути на сезоната!!!ПОРАЗ НЕ Е ЗБОР ОД НАШИОТ РЕЧНИК!“, пишува во соопштението од Сити Парк Бојс.


