Грчкиот шампион Олимпијакос израмни на 2-2 во серијата од Барселона по денешниот триумф на домашен терен со 92-58.
Тоа е еден од најтешките порази на Барселона во Евролигата, но „каталонците“ ќе имаат можност да го поправат впечатокот ако слават во „мајсторката“ во Блауграна идната недела. Натпреварот беше решен уште во втората четвртина кога по негатива од 22-23, Олимпијакос направи серија од 23-3 и отиде на +19.
Интересно е тоа што Џабари Паркер беше единствен играч на Барселона кој постигна двоцифрен број поени на денешниот меч – 10.


