И вториот грчки претставник во Евролигата се избори за „мајсторка“ во четвртфиналната серија со таа разлика што клучниот меч ќе го игра на домашен терен.
Панатинаикос вечерва како гостин во Белград го совлада Макаби со 95-88 со тоа што конечниот резултат не соодветствува на она што се случуваше на теренот. Драматичниот четврти меч беше решен во последната минута, а детали одлучуваа дали серијата ќе заврши вечерва или ќе се врати во Атина.
Се чинеше дека Панатинаикос е готов кога Макаби фантастично ја отвори последната четвртина и од -5 отиде на +6 (84-78) на средина од тој квартал. Сепак, Атаман со себе донесе фантастични кошаркари, па во најтешките моменти одговорноста ја презеде Кендрик Нан кој го одржа ПАО во живот, а кога се одлучуваше победникот, на сцена стапи Костас Слукас. Панатинаикос го заврши натпреварот со серија од 10-0 и израмни на 2-2, па јасно е дека идната недела ќе гори ОАКА и цела Атина во одлучувачкиот дуел за пласман на Ф4 во Берлин.
Нан го заврши натпреварот со 27 поени, додека Слукас постигна 20 поени, 8 скока (личен рекорд во кариерата) и 6 асистенции. Кај Макаби најдобар бепе Браун со 17 поени.


