Најмладиот тренер во прволигашката конкуренција во Македонија оваа сезона, Тони Стојаноски претстојното лето ќе го има првиот странски ангажман.
Тренерот на Охрид ќе има можност да стекне нови искуство преку учеството на Летната лига во Португалија која ја организира спортската агенција ДДОСС. Настанот ќе се одржи од 23 јуни до 1 јули во гратчето Кастело Бранко, на границата со Шпанија и на него е планирано, меѓу другото, да присуствуваат голем број важни тренерски фигури од португалската и европската кошарка, а натпреварите ќе ги водат евролигашки судии. Нашиот стручњак ќе го предводи тимот на Коимбра Оулс и ќе биде само четврти странски тренер кој ќе учествува во Летната лига на Португалија.
За Стојаноски, кој има 29 години, тоа ќе биде само почеток на бурното лето во кое првпат ќе биде дел и од една македонската младински репрезентација. Одамна е одлучено тој да му асистира на Александар Јованчев во кадетската селекција на Европското првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Скопје во август.
И покрај ангажманите во Португалија и со У16 репрезентацијата, тој останува на кормилото на Охрид и идната сезона и ќе се обиде експресно да го врати во Првата македонска кошаркарска лига.


