Навивачите на Панатинаикос 12 години чекаат пласман на завршниот турнир од Евролигата и сега се на само еден чекор од остварување на овој сон.
Поранешниот шесткратен шампион на Европа во вторник ќе го пречека Макаби во „мајсторката“ која одлучува кој ќе патува за Берлин на Ф4 пред крајот на мај. Еуфоријата кај навивачите е огромна за што доказ е побарувачката за билети за натпреварот на сезоната.
Вчера, за само шест часа биле продадени сите 18 илјади влезници за ОАКА, а интерес покажале дури 80 илјади фанови. Јасно е дека Макаби го очекува пекол, а се освен триумф ќе биде тежок дебакл за ПАО и неговите приврзаници.


