Капитенот на Партизан, Кевин Пантер ќе го напушти белградскиот клуб, по три сезони поминати во него, тврдат медиумите во Србија.
Американецот има договор со „црно-белите“ на уште една година, но веќе го одјавил станот во кој живее и од 1 јули нема да престојува во него.
„Соседите од неговата населба тврдат дека лично од него добиле информација дека наскоро си заминува бидејќи го откажал станот“, пишуваат, меѓу другото, српските медиуми.
Пантер дојде во Партизан во 2021 година од Олимпија Милано и веднаш беше назначен за капитен на тимот, како само втор странец во историјата на клубот со оваа улога. Пред да си замине, тој ќе се обиде на клубот да му донесе нова титула во АБА лигата, како и во српското првенство.


