Дури осум од селектираните 12 кошаркари кои ќе играат за американската репрезентација на Олимписките игри во Париз веќе ја завршија својата сезона и ќе одмораат до крајот на јуни кога почнуваат подготовките за најголемата спортска манифестација.
Нивните екипи се елиминирани во раната фаза од НБА плејофот и нема да се борат за титулата. Станува збор за: Кевин Дурант и Девин Букер од Феникс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис од Лејкерс, Жоел Ембид од Филаделфија, Бем Адебајо од Мајами, Кавај Ленард од Клиперс и Стеф Кари од Голден Стејт.
Во борба за титулата останаа само Џејсон Тејтум и Џру Холидеј со Бостон, Тајрис Халибартон од Индијана и Ентони Едвардс од Минесота.


