Денеска и утре се играат решавачките, петти натпревари од три од четирите серии од четвртфиналето на Евролигата.

Досега пласман на завршниот турнир обезбеди само бранителот на титулата Реал Мадрид кој во три меча ја „реши“ Басконија. На останатите три серии, резултатот е 2-2 и „мајсторките“ ќе одлучуваат за патниците во Берлин.

Фавориската улога ја имаат Панатинаикос, Монако и Барселона, не само затоа што играат на домашен терен, туку и поради една традиција која уште важи во Евролигата. Откако е воведен сегашниот систем во Евролигата, 18 пати се играле „мајсторки“ и гостинските екипи не успеале да победат ниеднаш. Во обид да го прекинат ова проклетство, сега ќе играат Макаби кој му гостува на Панатинаикос, Фенербахче на Монако и Олимпијакос на Барселона. Секој од нив веќе славеше по еднаш на теренот на домаќините на петтите дуели.


