Ник Калатес вечерва е херој на навивачите на Фенербахче откако грчкиот кошаркар во извонредно неизвесниот натпревар му донесе победа на својот тим против Монако и го однесе на Ф4 од Евролигата.
Во решавачките моменти, тој постигна две тројки, а потоа, пожртвувано се фрли за да го прекине нападот на Монако од кој домашниот тим можеше да дојде до победа.
Освен задоволството кај навивачите на Фенербахче, Калатес ги фрли во транс турските коментатори кои буквално полудеа во неговото шоу.


