Пред 20-тина години беше речиси невозможно европски кошаркар да се вмеша во борба за индивидуалните признанија во НБА лигата.
Мразот го скрши Дирк Новицки во 2007 година, но кошаркари кои не се родени во САД доминираат во НБА последните шест сезони. Два пати во овој период, МВП бепе Јанис Адетокунбо, три пати Никола Јокиќ и еднаш Жоел Ембид кој е роден во Камерун, но неодамна доби американско државјанство и ќе игра за репрезентација на САД на Олимписките игри.
Интересно е тоа што и другите индивидуални признанија последните години одат кај кошаркари кои не Американци. На пример, оваа сезона, за најдобар дебитант е прогласен Виктор Вембанјама, најдобар дефанзивец е Руди Гобер, а само признанието за најдобар шести играч отиде кај Американец – Наз Рид.
Во борбата за МВП, покрај Јокиќ, во најтесна конкуренција беа Шеј Гилџес Александер од Канада и Лука Дончиќ од Словенија. Последен пат, МВП на сезоната беше Американец во 2018 година кога го освои Џејмс Харден, тогаш играч на Хјустон Рокитс.


