Заедно со тимот на МКК Куманово, идната сезона во Првата македонска кошаркарска лига избори и тимот на Шкупи.
Во полуфиналната серија, тимот од Чаир го победи Маџари со 2-1, а вториот поен го освои денеска со триумфот од 77-59. Со тоа, Шкупи, кого оваа сезона го водеше македонската кошаркарска легенда Тони Симиќ, обезбеди пласман во елитната дивизија од македонската кошарка, првпат по пауза од пет години откако во 2019 испадна во сезоната во која немаше ниедна победа.
Првенството во Втората лига завршува со дуелот меѓу МКК Куманово и Шкупи кој ќе одлучи кој е шампион во оваа конкуренција за сезоната 23/24.


