Екипата на Работнички мора да направи барем еден брејк во Битола ако сака да ги задржи шансите за пласман во финалето од плејофот.
Уште на стартот, тимот од Градски парк загуби од Пелистер на домашен терен, па сега мора да се вади во „Боро Чурлевски“ каде воопшто нема да биде лесно. Сепак, тренерот Горан Самарџиев е оптимист дека неговите кошаркари ќе го извадат најдоброто и дека ќе ја остварат својата цел.
„Максимално сме подготвени за овој натпревар и ќе се обидеме да ја искористиме секоја шанса да направиме брејк во Битола. Ќе биде многу тешко, но Работнички секогаш играл најдобро кога е најтешко. Пелистер е одличен тим со одлична организација на клубот и очекувам фер и коректен натпревар од двата тима, па нека победи подобриот“, рече Самарџиев.


