Актуелниот вицешампион на Македонија, Пелистер поведе со 2-1 во полуфиналната серија со Работнички по вечерашниот триумф на домашен терен со 85-79.
Драматичниот натпревар беше решен во последната минута откако во текот на мечот двете екипи најмногу водеа со осум поени разлика. Работнички главно ја имаше контролата над резултатот во првото полувреме во кое ги достигна и највисоките +8 (29-21). Пелистер успеа да се консолидира и до паузата дури и да поведе со 43-42.
Работнички и во третиот период беше во предност, највисоката со пет разлика (64-59), но Пелистер одговори со најдолгата серија во текот на мечот, од 12-0 за водство од 71-64. На нешто помалку од осум минути пред крајот битолчани ги достигнаа и највисоките +8 (75-67), но ни тоа не беше доволно да се реши прашањето околу победникот.
На минути пред крајот, Пелистер беше во водство од 81-79, а Работнички имаше напад за израмнување или водство. Трајс и Рикиќ не проиграа добро, Планиниќ ја украде топката, а Костоски од линијата за слободни фрлања ги уништи сите надежи на гостите дека можат да го вратат брејкот и да поведе во серијата.
Магдевски и Мијовиќ со по 18 поени го предводеа Пелистер, а по 12 постигнаа Маслинко, Планиниќ и Рајт. Рикиќ беше најдобар играч на Работнички со 22 поена и 8 скока, Трајс додаде 20, но имаше и 6 загубени топки. Пелистер може да ја реши серијата веќе во следниот натпревар, на домашен терен.


