Во период кога има големи проблеми на финансиски план, Барселона планира да го „украде“ еден од најдобрите играчи во тимот на Реал, Марио Хезоња.
Шпанското национално радио тврди дека каталонскиот клуб испратил вртоглава понуда во висина од 7 милиони евра бруто по сезона. Ваквата операција е интересна од аспект што Хезоња е производ на кошаркарската школа на Барселона, но оттаму си замина одамна, играше во НБА, потоа во Панатинаикос и Уникс пред да потпише за Реал.
Хрватскиот репрезентативец претстојното лето ќе биде слободен играч имајќи предвид дека истекува неговиот договор со Реал, а за неговиот потпис е заинтересиран и Панатинаикос.


